csra.org.mk https://csra.org.mk Wed, 08 Oct 2025 06:09:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.8.3 https://csra.org.mk/wp-content/uploads/2020/09/cropped-Asset-8@512x-32x32.png csra.org.mk https://csra.org.mk 32 32 Обука за ОСИНТ во мониторинг на избори https://csra.org.mk/%d0%be%d0%b1%d1%83%d0%ba%d0%b0-%d0%b7%d0%b0-%d0%be%d1%81%d0%b8%d0%bd%d1%82-%d0%b2%d0%be-%d0%bc%d0%be%d0%bd%d0%b8%d1%82%d0%be%d1%80%d0%b8%d0%bd%d0%b3-%d0%bd%d0%b0-%d0%b8%d0%b7%d0%b1%d0%be%d1%80%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25be%25d0%25b1%25d1%2583%25d0%25ba%25d0%25b0-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2582-%25d0%25b2%25d0%25be-%25d0%25bc%25d0%25be%25d0%25bd%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8%25d0%25bd%25d0%25b3-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b8%25d0%25b7%25d0%25b1%25d0%25be%25d1%2580%25d0%25b8 Wed, 08 Oct 2025 06:02:08 +0000 https://csra.org.mk/?p=1076

На 23 септември 2025 година, Центарот за стратешки истражувања и анализи – ЦСИА успешно организираше специјализирана работилница на тема „Дигитална будност – ОСИНТ обука за изборен мониторинг“ во винаријата Чифлик, Битола.

Настанот собра учесници вклучени во изборен мониторинг, претставници на граѓански организации и медиумски активисти. Работилницата беше дел од проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“, спроведуван од ЦСИА.

Работилницата започна со поздравни зборови, по што следуваа интерактивни предавања на Проф. Д-р Ице Илиевски и Проф. Д-р Ангелина Станојоска за основите на ОСИНТ (Open Source Intelligence) и нејзиното значење за дигиталната будност и изборниот мониторинг. Обуката вклучи и практичен дел за користење на ОСИНТ алатки, анализа на реални примери, како и дискусија за тоа како дигиталните закани можат да влијаат на интегритетот на изборниот процес.

Учесниците имаа можност за вмрежување и размена на искуства. Настанот заврши со групна дискусија и заклучни зборови, истакнувајќи ја важноста на дигиталната писменост и проактивниот мониторинг во контекст на претстојните избори.

]]>
Публикација Дигитална будност – ОСИНТ алатки за избори https://csra.org.mk/%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%bd%d0%b0-%d0%b1%d1%83%d0%b4%d0%bd%d0%be%d1%81%d1%82-%d0%be%d1%81%d0%b8%d0%bd%d1%82-%d0%b0%d0%bb%d0%b0%d1%82%d0%ba%d0%b8-%d0%b7%d0%b0-%d0%b8/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25b4%25d0%25b8%25d0%25b3%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25b1%25d1%2583%25d0%25b4%25d0%25bd%25d0%25be%25d1%2581%25d1%2582-%25d0%25be%25d1%2581%25d0%25b8%25d0%25bd%25d1%2582-%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b0%25d1%2582%25d0%25ba%25d0%25b8-%25d0%25b7%25d0%25b0-%25d0%25b8 Wed, 08 Oct 2025 04:51:36 +0000 https://csra.org.mk/?p=1033

Публикацијата „Дигитална будност – ОСИНТ алатки за избори“ е изработена во рамки на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“, спроведуван од Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА Битола.

Водичот претставува вовед во користење на информации од отворени извори, неговите извори, методи и примена во изборниот мониторинг. Тој ја објаснува важноста на дигиталната будност и начинот на кој јавните информации можат да се користат одговорно во за препознавање дезинформации, идентификување хибридни закани и зајакнување на довербата во изборниот процес.

Публикација на Македонски

Публикација на Албански

Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА  го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

]]>
Почеток на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“ https://csra.org.mk/%d0%bf%d0%be%d1%87%d0%b5%d1%82%d0%be%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d0%bf%d1%80%d0%be%d0%b5%d0%ba%d1%82%d0%be%d1%82-%d0%b4%d0%b8%d0%b3%d0%b8%d1%82%d0%b0%d0%bb%d0%b5%d0%bd-%d1%88%d1%82%d0%b8%d1%82/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d1%2587%25d0%25b5%25d1%2582%25d0%25be%25d0%25ba-%25d0%25bd%25d0%25b0-%25d0%25bf%25d1%2580%25d0%25be%25d0%25b5%25d0%25ba%25d1%2582%25d0%25be%25d1%2582-%25d0%25b4%25d0%25b8%25d0%25b3%25d0%25b8%25d1%2582%25d0%25b0%25d0%25bb%25d0%25b5%25d0%25bd-%25d1%2588%25d1%2582%25d0%25b8%25d1%2582 Thu, 21 Aug 2025 05:12:23 +0000 https://csra.org.mk/?p=983 Проектот има за цел да придонесе кон потранспарентни, побезбедни и поинклузивни локални избори, преку препознавање и намалување на ризиците од дезинформации, говор на омраза и други хибридни закани во дигиталниот простор.

Очекуваме да бидат:

  • зајакнати капацитетите на граѓанските организации и новинарите за изборен мониторинг;
  • воспоставена граѓанска и медиумска будност за дигитални изборни закани;
  • подготвени аналитички извештаи и практични алатки за унапредување на изборната безбедност.

Овој деветмесечен проект ќе вклучи обуки, мониторинг на социјалните мрежи, јавен Telegram канал за дојави, како и финална тркалезна маса со институциите и јавноста.

Заедно градиме дигитална отпорност и ја заштитуваме демократијата!

Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

]]>
Повик за апликации: Новинар/ка за изборен мониторинг https://csra.org.mk/%d0%bf%d0%be%d0%b2%d0%b8%d0%ba/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=%25d0%25bf%25d0%25be%25d0%25b2%25d0%25b8%25d0%25ba Mon, 18 Aug 2025 01:26:01 +0000 https://csra.org.mk/?p=923

За позицијата: Новинар/ка за изборен мониторинг (3 позиции)

Проект: Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор

Изборните процеси сè почесто се мета на хибридни влијанија преку дезинформации, говор на омраза, дигитална манипулација и организирани напади преку социјалните мрежи. Особено загрижува фактот што овие појави се случуваат во слабо регулиран дигитален екосистем и директно влијаат врз кредибилитетот на изборите, довербата на гласачите и јавната перцепција за транспарентноста на институциите.

Во овој контекст, проектот „Дигитален штит“ има за цел да изгради функционален модел на граѓанско-медиумска будност и да развие систем за препознавање и евидентирање на изборни ризици во дигиталниот простор. Вклучувањето на новинари/ки како активни членови на мониторинг тимот не само што придонесува кон зголемување на квалитетот на набљудувањето, туку и обезбедува стратешко проширување на медиумската етика, јавниот дијалог и институционалниот притисок за справување со заканите.

1. Главни задачи и одговорности

Новинарот/ката ќе има следниве задачи:

  • Учествува во развојот на водичот за мониторинг на информации од отворени извори преку давање на совети
  • Придонесува кон подготовка на три аналитички извештаи (предизборен, кампањски и постизборен), преку доставување новинарски анализи, интервјуа,тематски прилози и кратки објаснувачки текстови.
  • Учествува на еднодневната обука за ОСИНТ
  • Подготвува 2–3 истражувачки новинарски прилози поврзани со ризици од хибридни влијанија, базирани на проектирани наоди и податоци добиени од мониторингот.

2. Профил на кандидатот

Минимални квалификации:

  • Најмалку 3 години искуство во новинарска работа (социјални медиуми, истражувачко новинарство, етика во новинарството);
  • Докажано искуство во пишување аналитички текстови и/или учество во проекти поврзани со човекови права, избори или медиумска етика;
  • Познавање на алатки за верификација на информации, дигитална писменост, и критичка анализа на медиумски содржини.

3. Надомест и услови

Новинарите/ките ќе бидат ангажирани на хонорарна основа, со договор кој ги дефинира обврските, роковите и надоместот според реализираните активности. Исплатата ќе биде во согласност со одобрените ставки од проектниот буџет и доставениот извештај/продукт.

Поддршката е потребна од 1 Септември 2025 до 31 Декември 2025.

Заинтересираните експерти треба да достават:

  • Биографија (не подолги од 10 страници);
  • Финансиска понуда;

Апликациите треба да се испратат на contact@csra.org.mk, најдоцна до 30 Август, 2025 година. 

Повик за аплицирање

Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА  го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.

]]>
Предлог за итни демократски реформи во областа надзор над работата на полицијата, на агенциите за безбедност и на (контра) разузнавачките агенции https://csra.org.mk/predlog-preporaki-za-demokratski-reformi-vo-oblasta-na-bezbednosta/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=predlog-preporaki-za-demokratski-reformi-vo-oblasta-na-bezbednosta Sat, 31 Jul 2021 09:27:05 +0000 https://csra.org.mk/?p=528

Препораки на граѓанските организации

2016 година: Невладината организација учествуваше во подготовка на препораките на граѓанските организации за реформи, наменети за Владата на Република Северна Македонија, Предлог за итни демократски реформи во областа надзор над работата на полицијата, на агенциите за безбедност и на (контра) разузнавачките агенции.

]]>
ИКТ Млади Битола​ https://csra.org.mk/ikt-mladi-bitola/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=ikt-mladi-bitola Sat, 31 Jul 2021 09:20:14 +0000 https://csra.org.mk/?p=512

ИКТ Млади Битола

2015 – 2016: ИКТ Млади Битола – Проектот обезбеди обука и можности за вработување во ИКТ-индустријата за млади луѓе од Пелагонискиот Регион. Финансиран од Амбасадата на САД во Македонија во рамките на Програмата за грантови на Комисијата за демократија и коимплементиран со Форум на млади – Битола.

]]>
Упатството за наставници на УНЕСКО за спречување насилен екстремизам во секторот образование https://csra.org.mk/nasilen-ekstremizam-vo-sektorot-obrazovanie/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=nasilen-ekstremizam-vo-sektorot-obrazovanie Sat, 31 Jul 2021 09:17:04 +0000 https://csra.org.mk/?p=499

Упатството за наставници на УНЕСКО за спречување насилен екстремизам во секторот образование

2016 година: Извештај за можноста за воведување на Упатството за наставници на УНЕСКО за спречување насилен екстремизам во секторот образование на земјата домаќин – консултантски услуги. Финансиран од мисијата на ОБСЕ во Скопје.

]]>
Безбедни Локални избори 2017 година https://csra.org.mk/bezbedni-lokalni-izbori/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=bezbedni-lokalni-izbori Sat, 31 Jul 2021 09:07:11 +0000 https://csra.org.mk/?p=485

Безбедни Локални избори 2017 година

Финансиран од Цивика мобилитас.

2017 година: Безбедни Локални избори 2017 година – Целта на проектот беше следење на Локалните избори со посебен фокус на постапувањето на полицијата за време на Локалните избори во 2017 година. Финансиран од Цивика мобилитас.

]]>
Безбедносна култура кај младите: Превенција и решавање конфликти во училиштата https://csra.org.mk/bezbednosna-kultura-kaj-mladite/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=bezbednosna-kultura-kaj-mladite Sat, 31 Jul 2021 09:03:28 +0000 https://csra.org.mk/?p=475

Безбедносна култура кај младите:

Превенција и решавање конфликти во училиштата

Проект финансиран од Општина Прилеп

2019 – 2020: Безбедносна култура кај младите: Превенција и решавање конфликти во училиштата – проект финансиран од Општина Прилеп. Проектот се фокусираше на врсничко насилство/спречување насилства во основните училишта во Прилеп и се спроведуваше во неколку фази.

]]>
Платформа за граѓански мониторинг на безбедносните агенции https://csra.org.mk/platforma-za-gragjanski-monitoring-na-bezbednosnite-agencii/?utm_source=rss&utm_medium=rss&utm_campaign=platforma-za-gragjanski-monitoring-na-bezbednosnite-agencii Sat, 31 Jul 2021 08:48:38 +0000 https://csra.org.mk/?p=454

Платформа за граѓански мониторинг на безбедносните агенции

2020 година: Платформа за граѓански мониторинг на безбедносните агенции, поддржана од Цивика мобилитас, со цел понатамошно зајакнување на учеството на граѓанските организации во креирањето и спроведувањето на политиките поврзани со планот за реформските приоритети, кои произлегуваат од т.н. Blueprint група, кои беа развиени со цел да се вратат демократските стандарди и вредности, да се постигне напредок во одредени области на јавната политика, како и да се врати довербата на граѓаните во клучните државни институции во 2016 година.

]]>