Центар за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА
ЦСИА е формирана во 2015 година во Битола, со примарна цел да се зголеми свеста и разбирањето на безбедносните прашања во земјата, под името Форум за истражување на безбедносни политики СЕКУРИТАС. Невладината организација даде свој придонес во реформата на безбедносниот сектор во земјата, цивилен надзор и во контрола над безбедносните агенции.
Од своето основање, организацијата расте во својата визија за земјата, работејќи на поддршка на демократска и развиена Република Северна Македонија во Европа. Наша задача е да им обезбедиме на носителите на одлуки соодветни знаења.