за учество во програмата за изборен мониторинг во дигиталниот простор
Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА Битола, во рамки на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“, објавува јавен повик за изразување интерес за учество на претставници на граѓански организации и медиумски активисти во програмата за изборен мониторинг и дигитална будност.
Кој може да аплицира?
- Граѓански организации (НВО) регистрирани во Северна Македонија, активни во области на демократија, транспарентност, човекови права, медиуми или дигитална писменост;
- Медиумски активисти и новинари кои работат на теми од јавен интерес, медиумска слобода, борба против дезинформации и заштита на изборниот процес.
Секоја организација може да номинира најмногу до 2 учесници.
Поединечни апликации од медиумски активисти/новинари се исто така добредојдени.
Што обезбедува програмата?
- Специјализирана обука за мониторинг на избори во дигитален простор, користење на OSINT алатки, препознавање и верификација на дезинформации и хибридни закани;
- Водич за етички и професионален пристап во изборниот мониторинг;
- Можност за вмрежување, размена на искуства и учество во заеднички мониторинг иницијативи за локалните избори 2025.
Критериуми за избор:
- Досегашно искуство или интерес за темите од јавниот повик;
- Географска и тематска застапеност;
- Родова и јазична разновидност.
Како да се аплицира?
За да аплицирате, испратете е-пошта со следниве информации на contact@csra.org.mk, со наслов „Јавен повик – изборен мониторинг“, најдоцна до 19 Септември 2025:
- Краток опис на организацијата (област на делување, досегашни активности, веб-страна или профил на социјални мрежи – доколку постои);
- Имиња и контакт податоци на номинираните учесници (максимум 2);
- Кратка биографија на номинираните учесници (не повеќе од еден параграф)
Рок за аплицирање:
19 Септември 2025 година.
Работилницата е планирано да се одржи на 23 Септември 2025 во Битола во Винерија Чифлик во Битола.
За сите дополнителни информации контактирајте нè на contact@csra.org.mk
Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар