Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025  од хибридни закани во дигиталниот простор

Проектот „Дигитален штит“ е насочен кон мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор, со цел да придонесе кон поголема транспарентност, безбедност и отпорност на изборниот процес. Преку обука, ОСИНТ алатки, мониторинг на социјалните медиуми и подготовка на аналитички извештаи, проектот работи на навремено препознавање и документирање на дезинформации, говор на омраза и други дигитални ризици што можат да влијаат врз изборниот интегритет.

Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА  го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.