Публикацијата „Дигитална будност – ОСИНТ алатки за избори“ е изработена во рамки на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“, спроведуван од Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА Битола.
Водичот претставува вовед во користење на информации од отворени извори, неговите извори, методи и примена во изборниот мониторинг. Тој ја објаснува важноста на дигиталната будност и начинот на кој јавните информации можат да се користат одговорно во за препознавање дезинформации, идентификување хибридни закани и зајакнување на довербата во изборниот процес.
Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.
