Овој извештај дава преглед на клучните наоди од мониторингот на дигиталниот простор за време на изборниот молк и денот на гласање на локалните избори 2025 во Северна Македонија. Тој ги анализира хибридните закани, дезинформациите, онлајн агитирањето и наративите што можат да влијаат врз довербата во изборниот процес и легитимноста на резултатите. Извештајот претставува аналитички и документарен приказ на ризиците во најчувствителниот дел од изборниот циклус и служи како основа за подобро разбирање и навремено препознавање на дигиталните закани поврзани со изборниот интегритет.
Извештајот е достапен на следниот линк.
Изработката на овој извештај е финансирана од Европската
Унија во рамките на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори
2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“ спроведуван од Центарот за
стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА. Овој проект е субгрант добиен во
рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран
од Европската Унија. Содржината на извештајот е единствена одговорност на
проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на
Граѓанскиот ресурсен центар.