Овој извештај ги прикажува клучните наоди од мониторингот на дигиталниот простор во предизборниот период за локалните избори 2025 во Северна Македонија. Тој идентификува рани индикатори на хибридни закани, штетни наративи, дезинформации и облици на поларизација што можат да влијаат врз довербата, безбедноста и интегритетот на изборниот процес. Извештајот претставува аналитичка основа за разбирање на ризиците што се појавуваат уште пред официјалниот старт на кампањата.
Извештајот може да се види на следниот линк.
Изработката на овој извештај е финансирана од Европската Унија во рамките на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“ спроведуван од Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на извештајот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.