На 31 март 2026 година, во Јавна Соба во Скопје, Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА го одржа завршниот настан на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Настанот беше посветен на презентација на клучните резултати, наоди и искуства од спроведениот мониторинг на дигиталниот простор за време на локалните избори 2025 година.
Во рамки на настанот беа претставени трите аналитички извештаи кои го опфатија предизборниот период, изборниот молк и денот на гласање, како и постизборниот период. Преку овие анализи беа презентирани главните ризици и појави забележани во дигиталниот простор, вклучително дезинформации, штетни наративи, говор на омраза, онлајн поларизација и содржини што можат да влијаат врз довербата во изборниот процес и легитимноста на резултатите.
На присутните им беше претставен и ОСИНТ прирачникот, изработен како практична алатка за мониторинг на информации од отворени извори, наменет за граѓански организации, новинари, медиумски активисти и други засегнати чинители. Воедно, настанот овозможи размена на искуства и препораки за тоа како поорганизирано и поодговорно да се следат и адресираат хибридните закани во дигиталниот простор.
Проектот „Дигитален штит“ беше спроведен од ЦСИА како субгрант во рамки на програмата „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2“, финансирана од Европската Унија, и претставува значаен придонес кон унапредување на изборната безбедност, демократската отпорност и јавната свест за влијанието на дигиталните закани врз изборните процеси.
Извештаите се достапни на следните линкови:
Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на извештајот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.