Овој извештај ги прикажува клучните наоди од мониторингот на дигиталниот простор во постизборниот период по вториот круг на локалните избори 2025 во Северна Македонија. Тој анализира како по завршувањето на гласањето продолжуваат наративите за делегитимирање на резултатите, говорот на омраза, дигиталното заплашување и манипулативните содржини, вклучително и AI-генерирани визуелни материјали. Извештајот претставува аналитички преглед на ризиците што влијаат врз довербата во изборниот процес, легитимноста на исходот и општествената кохезија во постизборниот период.
Извештајот е достапен на следниот линк.
Изработката на овој извештај е финансирана од Европската Унија во рамките на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“ спроведуван од Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на извештајот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.