Барање за понуди

Барање за понуди за веб страна

За унапредување на веб-страницата www.csra.org.mk за потребите на проектот Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор

Предмет на набавка:

Ангажирање економски оператор за унапредување на постојната веб-страница www.csra.org.mk, изработена во WordPress, за потребите на проектот, преку креирање на посебен project section / micro-site и подобрување на неговата визуелна и функционална поставеност.

 

1. Цел

Целта е да се унапреди постојната веб-страница на ЦСИА со посебен дел за проектот, кој ќе овозможи јасна и прегледна презентација на проектот, неговите активности, новости, публикации и резултати.

 

2. Опсег на услугата

Од избраниот понудувач се очекува да обезбеди:

1.           анализа на постојната WordPress веб-страница и предлог за унапредување;

2.           дизајн и развој на project section / micro-site во рамки на www.csra.org.mk;

3.           подобрување на визуелниот изглед и корисничкото искуство на проектниот дел;

4.           креирање структура за објава на:

5.           информации за проектот,

6.           активности,

7.           новости,

8.           публикации / извештаи,

9.           галерија,

10.         контакт информации;

11.         техничка интеграција во постојната WordPress платформа;

12.         внесување на иницијалната содржина доставена од договорниот орган;

13.         тестирање и финално пуштање во употреба;

14.         кратка обука за лице определено од договорниот орган за ажурирање на содржините.

 

3. Минимални технички барања

Понуденото решение треба да обезбеди:

1.           компатибилност со WordPress;

2.           респонзивен дизајн за мобилен, таблет и десктоп;

3.           лесно административно ажурирање;

4.           јасна и функционална навигација;

5.           можност за објава и преземање на публикации и извештаи;

6.           усогласеност со постојната структура на веб-страницата.

 

4. Испораки

Избраниот понудувач треба да испорача:

1.           Предлог структура и визуелен концепт;

2.           Изработен и функционален project section / micro-site;

3.           Внесена иницијална содржина;

4.           Финална верзија пуштена во употреба;

5.           Кратко упатство за користење.

 

5. Рок на реализација

Услугата треба да се реализира во рок од 180 календарски дена од денот на потпишување на договорот.

 

6. Содржина на понудата

Понудата треба да содржи:

•            краток технички предлог;

•            финансиска понуда;

 

7. Критериум за избор

Изборот ќе се изврши врз основа на најниска цена.

 

8. Контакт за испраќање

[email protected]k; 389 77 694 146

 

Дата: 02.06.2025