ЦЕНТАР ЗА СТРАТЕГИСКИ ИСТРАЖУВАЊА И АНАЛИЗИ – ЦСИА
Повик за изработка на анализи, извештаи, мислења, ставови и препораки
Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА во рамките на проектот Платформа за граѓански мониторинг на безбедносните агенции (Platform for civil monitoring of security agencies) поддржан од Civica Mobilitas, објавува повик за изработка на анализи, извештаи, мислења, ставови и препораки за напредокот во реформата во работењето на безбедносните институции, а во однос на имплемeнтацијата на препораките поврзани со планот за реформски приоритети кои произлегуваат од т.н. Блупринт група и беа развиени со цел враќање на демократските стандарди и вредности.
Теми
Овие анализи, извештаи, мислења и ставови треба да бидат на следните теми поврзани со граѓански мониторинг на безбедносните агенции:
- Јавен дијалог
- Мобилизирање на граѓанскиот сектор
- Реформа на безбедносниот сектор
- Добро владеење во безбедносниот сектор
- Новите технологии и безбедносниот сектор
и да претставуваат длабинска и систематска анализа на конкретни прашања и да понудат опции за јавни дебати и промена на јавни политики со јасно дефинирани препораки за:
- Зголемено разбирање на граѓанските организации на темите поврзани со модерниот безбедносен екосистем, безбедносните политики и работата на безбедносните институции во Република Северна Македонија.
- Инволвирање на граѓанските организации во дефинирање и поставување на безбедносните теми од интерес за општеството.
Зголемена отчетност на безбедносните институции. - Променета свест на раководните органи на безбедносните институции за одговорност пред граѓаните.
Критериуми за учество и потребна документација
Сите селектирани текстови ќе бидат објавени на веб-страницата nadzor.mk. Исто така ќе се презентираат на една конференција на тема вклученоста на граѓанските организации во напредокот на имплементацијата на препораките од Блупринтот во поглед на надзор на безбедносните агенции.
Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА ќе ја организира и ќе ги покрие сите трошоци поврзани со конференцијата.
Основните критериуми за пријавените кандидати ќе вклучуваат релевантно искуство во областа на предложената тема. Пожелно е кандидатите да имаат претходно истражувачко искуство.
Кандидатите треба да достават:
- Кратка биографија
- Краток апстракт на одбраната тема (еден пасус)
- Временски рок на доставување
По доставувањето на апликациите, тимот на Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА ќе ја оцени апликацијата врз основа на следниве чекори:
- Проверка дали се доставени потребните документи;
- Евалуација на апстрактот.
Големината на текстовите не треба да надминува 6.000 карактери (без анекси и библиографија), идеално е помеѓу 2 и 4 страници.
Пријавата треба да се достави на [email protected] најдоцна до 15.9.2020.
