Алтернатива

ЕУ сè уште ја задржува својата популарност на Западен Балкан – поради нејзината холистичка стратегија, која вклучува далекусежен план за иднината на сите држави на Западен Балкан, и ниту еден друг чинител не може да го понуди тоа во моментот, но ЕУ не е единствената алтернатива на Балканот и особено не на Република Северна Македонија.

Постоењето алтернативни актери и модели е сигурно една од придобивките на земјата, особено во случај ЕУ да не се придржува до стратегијата за проширување. На овој начин Кина може да се претстави како алтернатива на ЕУ – и тоа треба темелно да се разгледа со градење врски во сè – од инфраструктурата и енергијата до културата, медиумите и политиката. ЦСИА би сакала да ја истражи оваа алтернатива, дури и само до степен каков ефект би имала конвергенцијата на земјата со Кина врз одржливиот политички и економски развој на земјата.