Повик за апликации: Новинар/ка за изборен мониторинг

За позицијата: Новинар/ка за изборен мониторинг (3 позиции)

Проект: Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор

Изборните процеси сè почесто се мета на хибридни влијанија преку дезинформации, говор на омраза, дигитална манипулација и организирани напади преку социјалните мрежи. Особено загрижува фактот што овие појави се случуваат во слабо регулиран дигитален екосистем и директно влијаат врз кредибилитетот на изборите, довербата на гласачите и јавната перцепција за транспарентноста на институциите.

Во овој контекст, проектот „Дигитален штит“ има за цел да изгради функционален модел на граѓанско-медиумска будност и да развие систем за препознавање и евидентирање на изборни ризици во дигиталниот простор. Вклучувањето на новинари/ки како активни членови на мониторинг тимот не само што придонесува кон зголемување на квалитетот на набљудувањето, туку и обезбедува стратешко проширување на медиумската етика, јавниот дијалог и институционалниот притисок за справување со заканите.

1. Главни задачи и одговорности

Новинарот/ката ќе има следниве задачи:

  • Учествува во развојот на водичот за мониторинг на информации од отворени извори преку давање на совети
  • Придонесува кон подготовка на три аналитички извештаи (предизборен, кампањски и постизборен), преку доставување новинарски анализи, интервјуа,тематски прилози и кратки објаснувачки текстови.
  • Учествува на еднодневната обука за ОСИНТ
  • Подготвува 2–3 истражувачки новинарски прилози поврзани со ризици од хибридни влијанија, базирани на проектирани наоди и податоци добиени од мониторингот.

2. Профил на кандидатот

Минимални квалификации:

  • Најмалку 3 години искуство во новинарска работа (социјални медиуми, истражувачко новинарство, етика во новинарството);
  • Докажано искуство во пишување аналитички текстови и/или учество во проекти поврзани со човекови права, избори или медиумска етика;
  • Познавање на алатки за верификација на информации, дигитална писменост, и критичка анализа на медиумски содржини.

3. Надомест и услови

Новинарите/ките ќе бидат ангажирани на хонорарна основа, со договор кој ги дефинира обврските, роковите и надоместот според реализираните активности. Исплатата ќе биде во согласност со одобрените ставки од проектниот буџет и доставениот извештај/продукт.

Поддршката е потребна од 1 Септември 2025 до 31 Декември 2025.

Заинтересираните експерти треба да достават:

  • Биографија (не подолги од 10 страници);
  • Финансиска понуда;

Апликациите треба да се испратат на contact@csra.org.mk, најдоцна до 30 Август, 2025 година. 

Повик за аплицирање

Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА  го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2”  финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.