Почеток на проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“

Почеток на проектот  „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“

Проектот има за цел да придонесе кон потранспарентни, побезбедни и поинклузивни локални избори, преку препознавање и намалување на ризиците од дезинформации, говор на омраза и други хибридни закани во дигиталниот простор.

Очекуваме да бидат:

  • зајакнати капацитетите на граѓанските организации и новинарите за изборен мониторинг;
  • воспоставена граѓанска и медиумска будност за дигитални изборни закани;
  • подготвени аналитички извештаи и практични алатки за унапредување на изборната безбедност.

Овој деветмесечен проект ќе вклучи обуки, мониторинг на социјалните мрежи, јавен Telegram канал за дојави, како и финална тркалезна маса со институциите и јавноста.

Заедно градиме дигитална отпорност и ја заштитуваме демократијата!

Центарот за стратегиски истражувања и анализи – ЦСИА го спроведува проектот „Дигитален штит: Мониторинг на локалните избори 2025 од хибридни закани во дигиталниот простор“. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на повикот е единствена одговорност на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.